Sasho.Nakov.sv.Nestor2

Скопје,9ти ноември 2022 г,- харм на св.Петка, н.Црниче

Sasho.Nakov.sv.Nestor5

Sasho.Nakov.sv.Nestor6

Sasho.Nakov.sv.Nestor10

 Sasho.Nakov.sv.Nestor3

 Sasho.Nakov.sv.Nestor4

На 9ти ноември 2022 година, во 21 недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на св.Нестор,св.Прокла Клаудија,  jереј д-р Сашо Наков отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

Esen.manastir1.jpg

Светиот маченик Нестор   

Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сѐ додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани.

Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата.

Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодија со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Sasho.Nakov.sv.Nestor

Sasho.Nakov.sv.Nestor1

Sasho.Nakov.sv.Nestor9

 Sasho.Nakov.sv.Nestor7

Старец Софрониј

Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.

 Sasho.Nakov.sv.Nestor8

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго:

 

  Јереј д-р Сашо Наков-ПОТЕКЛОТО, ОСНОВАЊЕТО И РАЗВИВОЈОТ НА ХРИСТИЈАНСКОТО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Јереј д-р Сашо Наков - Духовден