Почитувани,
 Ве известуваме дека на 08.09.2009 година (вторник), со почеток во 18:00, во просториите на Амбасадата на Република  Македонија во Вашингтон, САД, ќе биде отворена изложбата на младиот македонски уметник Стефан Плескониќ.
 Изложбата на Стефан Плескониќ се организира по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија во САД каде пригоден говор ќе одржи амбасадорот на Р. Македонија, Н.Е. Зоран Јолевски.
Изложбата ја организира Националната галерија на Македонија со финансиска подршка од Министерството за култура на Република Македонија. Вака Националната галерија на Македонија дава свој придонес  во одбележувањето на овој, за нас значаен датум, во САД и во афирмирањето на  македонските уметници надвор од границите на нашата држава.
  Поставката содржи 11 дела работени во техниката еколошки акрил на платно.
Ви благодариме за соработката.
                                        НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА