Почитувани,

Ве известуваме дека на 13ти и 14ти Јуни на второто издание на „Cinema City”, фестивалот во Нови Сад во селекцијата на филмови снимени под 10.000$ се прикажуваше филмот “Метаморфози“, во режија на Александар Поповски. Фестивалот се одржува во организација на “Exit Association „.
Во филмот настапуваат Никола Ристановски, Ирена Ристиќ, Тони Михајловски, Сергеј Трифуновиќ, Тадеј Тош. Продуцент е Роберт Насков, директор на фотографија е Марјан Огненовски. Костимограф е Жаклина Крстевска, а сценограф е Бујар Муча.
Филмот е во продукција на “Партизанс“ и „Кино Око“ во копродукција со „Њу Момент”.

Известува:  Сања Тодоровска- Кино око