Соопштение од Храм "Рождество на Пресвета Богородица" Скопје
"Почитувани браќа и сестри
Со Благослов на Архиепископот на МПЦ -ОА,
г.г. Стефан,по повод Богородичниот празник Покров на Пресвета Богородица, на ден 13.10.25(понеделник) со почеток во 22:00ч. ќе се одржи вечерно бдение во Црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје карши МАНУ
(ќе чиноначалствуваат свештеници од МПЦ -ОА)
Кој милува и е во можност нека повели молитвено да се застапиме пред мајката Божја,та со нејзините молитви Бог да не помилува и Спаси...
(воедно ова е четвртото бдение од иницијативата за четири бденија во Скопје)
За наредното кое најверојатно ќе биде за световната нова година 31.12.25 ќе бидете дополнително известени
Да сте Благословени "