Почитувани,
Study in Slovenia, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia организираат промоција на студиите во Р. Словенија.
-------
Драги средношколци,
денешниот свет постанува свет без граници – политички, државни и пред сè, свет без граници во нашите глави. Вашата генерација го има светот на дланка и со тоа се отвараат безброј врати до одлични меѓународни познанства, професии и знаења, кои токму вие би сакале да ги придобиете во иднина.
Словенија, како држава која со нас дели заедничка историја, е една од најљубезните и (финансиски) прифатливите држави за македонските студенти. Често нè поврзуваат и фамилијарните како и културните вредности, а ако сме добри слушатели можеме и меѓусебно да се разбереме.


Затоа, Ве покануваме на презентацијата која ги опфаќа сите можности за студии и живеење во Словенија. Презентацијата ќе се одвива во:
- петок, 14 октомври 2022, во 10 часот
- и уште една презентација во 14 часот;
во конгресниот центар на хотелот Александар Палас (2C64+869 Прохор Пчињски, Скопје).
Срдечно Ве покануваме, да се придружите на овој интересен настан, каде што ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а со вас ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.
За овој настан е потребно да се регистрирате нa следниот линк https://ankete.cmepius.si/index.php/536421?lang=sl

Со нетрпение ја очекуваме вашата посета!

Поздрав
Сашо Стојковски
Претседател
Словенечки центар - Скопје
ул. "Васко Карангелевски" 25/49,
Скопје 1000,
Тел. +389-76-981-076
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
https://www.facebook.com/slovenecki.centarskopje