TViTer437

 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) во соработка со црквите и верските заедници - ја има особената чест да Ве покани на трибината: „Како да се радуваме во кризни времиња?“

 Трибината ќе се одржи во петок на 30. 09. 2022 година во свечената сала на Музејот на македонската борба со почеток во 18 часот.

 На трибината ќе се обратат претставници од црквите и верските заедници. Пред присутните гости со зборови на охрабрување ќе се обратат: Г-дин Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ); Г. Климент, Епископ хераклејски од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА); Г-дин Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница (ИВЗ); Г-дин Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ); Дон Томас Бак, жупник на Католичката црква и Д-р Коста Милков од Балкански институт за вера и култура.

 Живеејќи во време на здравствена, економска, енергетска и политичко-безбедносни кризи, кои  му прават огромен притисок на човекот, кој живее во страв и неизвесност - целта на трибината е да пробуди надеж и охрабрување на современиот човек, дека и кога е најтешко продолжува нашата борба, нашата верба во подобро утре, но и нашето потпирање на Бог кој е секогаш со нас. Теологијата и верата е и треба да биде  силна поткрепа за современиот човек.

 Настанот е од отворен карактер.