„Најново нормално, декември“ во организација на Институтот за култура и уметност Арс Акта Скопје во соработка со Националната галерија на Северна Македонија.

Иницијативата „Најново нормално“ е посветена на сите заинтересирани кои имаат потреба од нова викенд алтернатива. Прошетката е предводена од Бојана Јанева која преку своето долгогодишно искуство како историчарка на уметноста се вложува кон промовирање и доближување на уметноста и културата до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да искусат еден поинаков и возбудлив поглед кон градот и современите уметнички пракси. Оваа прошетка ќе ги втурне посетителите во едно необично искуство кое ќе им овозможи одново запознавање со градот Скопје и причините поради кои вреди повторно да му се навратиме со љубопитност, наместо со носталгија.
Подетално, за „Најново нормално, декември“ следи во прилогот на овој мејл.

За дополнителни информации, ви стојам на располагање на 071 224 504 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,
Бојана Јанева,
Институт Арс акта Скопје