BOGORODICA.so.Hristos

Чудо кое се случило после прочитаниот Акатист кон Пресвета Богородица


Чудото е од понов датум, а го раскажува една медицинска сестра од Атина.


Настанот е од 2010 година, кога во  болницата бил примен 29-годишен пациент, биолог, кој боледувал од карцином кој целосно ги покрил неговите бубрези, како што се покажало на снимките.
И покрај хемотерапиите, на неговото тело се појавиле многу метастази од ракот. Во текот на болеста, имал видение, како да го видел пеколот и  рајот, нешто што го потресло многу, па сето ова ѝ го раскажал на  медицинската сестра.

А таа, бидејќи била воцрковена, му дала една бројаница, икона од Пресвета Богородица, и мала книшка со акатистот кон Пресвета Богородица, и го посоветувала да го чита акатистот секојдневно. Бил во тешка состојба, но го читал.
По неколку недели побарал свештеник за разговор, па го повикале отецот Силуан, кој служел во болничкиот храм. Младиот човек се исповедал.

Потоа му препорачале да оди на операција во Америка, па отецот му нашол пријатели, кои се нафатиле да ги покријат трошоците. Но, таму се случило нешто неочекувано.
Новите снимки покажале дека нема никаква трага од ракот. Човекот дошол веќе излечен. Се јавил кај сестрата да ѝ го соопшти тоа. Потоа се вратил во Грција, и веднаш заминал на Света Гора, каде што станал монах, токму во градината на Пресвета Богородица, да живее во  покајание, благодарност и нејзнајност за светот.
Ете каква полза имаме, кога со вера го читаме акатистот.

Затоа да се научиме да доаѓаме во црква на Акатистите, но и дома да се молиме, да ги читаме колку што можеме, не само кога сме во некаква неволја, туку и кога сме радосни, спокојни, да ѝ оддадеме чест на Богомајката, на Онаа која го роди нашиот Спасител, Господ Исус Христос.


Амин.
Извор: списание „Православна светлина“
отец Јани Мулев

 

Избор од фб профил на Православие.Мк †