Дојдете, да го опкружиме овој најчист гроб и да нацрпиме од него божествена благодат.
Дојдете, да го земеме со рацете на душата приснодевственото тело, да појдеме со него внатре во гробот и да умреме заедно со него, т.е. да умреме за телесните страсти и да бидеме живи со бестрастен и непорочен живот.
Да ги чуеме божествените песнопенија, кои се излеваат од невештествените ангелски усти.
Да влеземе, да се поклониме и да ја дознаеме необичната тајна, како телото на Богомајката било однесено од земјата, вознесено и земено на небо, како таа стои пред Синот, повисоко од сите ангелски чинови- и нема никаква преграда меѓу Мајката и Синот.
(Св. Јован Дамаскин- Слово трето на Успение)
fbПравославие.Мк †