Zare.po.Bogojavlenie           

 

Светата Тајна на Телото и Крвта за христијаните е Божја храна и жртва. Секогаш не се причестуваат сите кои се на Литургијата, но жртвата се принесува од сите и за сите. Затоа сите и треба да учествуваат во неа. А учествуваат преку верата, смирението заради гревовите и самопрезирањето, паѓањето пред нозете на Господ, Кој се жртвува Себеси, како Јагне, за живот на светот. И самото живо созерцување на оваа Тајна силно го оживува и поттикнува духот.

           " Не гледај само на тоа што Црквата се наоѓа на земјата, туку, пред се', таа живее на небото.
Од каде се гледа тоа? Покажуваат самите дела.
Имаше борба против апостолите и целата вселена војуваше против нив, но победија оние, против кои војуваше...овците ги победија волците.
Имате ли видено пастир кој ги испраќа своите овци меѓу волците. Кој честит го прави тоа?
Но, Христос тоа го направи за да ни покаже дека овие дела не се вршат од небото...
Полесно е сонцето да изгасне отколку да се уништи Црквата...
Зошто Господ ја основал Црква, да биде поцврста од небото?
Зашто Црквата е поскапоцена од небото...
Небото е создадено за Црквата а не Црквата заради небото.
Небото е создадено заради човекот, а не човекот заради небото.
Не оддалечувај се од Црквата зашто нема ништо посилно од Црквата.
Твојата надеж е Црквата, твоето спасение е Црквата, твоето засолниште е Црквата. Таа е повисока од небото и поширока од земјата.
Таа никогаш не старее, таа секогаш расцутува..."


Свети Јован Златоуст


фб

16ти февруари 2024