TViTer583

БОГ Е ВО СИТЕ И ВО СЕ

TViTer584


Ние сме овде на земјата како во некаков вид на епитимија. Да не се чудиме што постојано се наоѓаме во некаква  неволја. Сите постојано грешиме - се лизгаме и паѓаме. Всушност, се вплеткуваме во демонските стапици. Светителите постојано истакнуваат: битно е секогаш повторно да стануваме и да го продолжуваме патот кон Бога. Дури и да паднеме сто пати на ден, да не бидеме во грижи ; само стануваме и продолжуваме напред без да гледаме назад. Тоа што се случило, се случило и завршило. Само продолжуваме и ја просиме помошта од Господ. Не му досадуваме на Господ со тоа што постојано му се жалиме за нешто. Му досадуваме на Господа кога грешиме, а не кога постојано се обраќаме кон Него како новородени. Господ сака постојано да го повикуваме и да ги излеваме нашите срца пред него. Молитвата не е нешто што почнува и завршува, и толку. Стоите пред иконата, кажувате што имате и потоа тргнувате по својот пат. Тоа не е молитва. Сакајте ги малите нешта и стремете се  кон она што е скромно и едноставно. И кога душата ќе созрее, Бог ќе и го даде внатрешниот мир. Господ сега само гледа на нас и љуби што копнееме по Неговиот мир. Сè додека душата не созрее за Господа, Тој само повремено ќе и допушта да види дека Тој е присутен насекаде и исполнува сè, целиот свет, целата материја. Тогаш душата е толку радосна. Тогаш таа има сè. Но, потоа Господ повторно се крие од нас за да копнееме по Него и да Го бараме со сето свое срце.

Тешко е да се живее со нашите ближни ако се впуштаме во ментална војна со нив. Не е доволно едноставно да се воздржуваме од отворена војна со зборови и дела. Не влегувајте ни во ментална војна со нив. Од ова се губи душевниот мир и љубовта кон ближните. Нема потреба да им се спротивставувате на вашите најблиски или да ги убедувате. Не вреди ништо. Можеш да си ја ископаш главата пред нив, но нема да постигнеш ништо. Ближнитее треба да се сакаат само заради Господа. Во нив , но и во неверниците е  Господ, затоа што да не беше во нив, дали тие воопшто ќе беа живи?!

Не придавајте толку големо значење на надворешните настани. Биди повеќе внатре, во своето срце, со Господа,
 а нив пуштете ги. Вие само бидете љубезни, тивки и нежни кон сите, не обрнувајќи внимание на се останато.

Слава на Бога на крајот за сите!

Старец Тадеј Витовнички – Какви ти се мислите таков ти е животот


За Преминпортал Симеон Стефковски

Ноември 2022 лето Господово