sv.Siluan 250x115

Погледни го човекот кој сака да тера по свое.
           Неговата душа никогаш нема мир. Тој секогаш е незадоволен – ова не е во ред, ова не е како што треба…
Но човекот кој е потполно предаден на волјата Божја може да се моли со чист ум. Неговата душа Го љуби Господа, и за него сè е пријатно и прифатливо.
Така Пресвета Богородица се предаде Себеси на Бога: ;Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои‘ (Лука 1, 38).
          А кога ние би кажале слично – ,Еве го слугата Господов, нека ми биде според Твоето слово‘ – тогаш Господовите зборови напишани во Евангелијата од Светиот Дух ќе живеат во нашите души, и сиот свет би бил исполнет со љубовта Божја, и колку убав би бил животот на земјата…
           Господ ни го даде Светиот Дух на земјата, и човекот во кој пребива Светиот Дух чувствува рај во себе.
Можеби ќе речете: ,Зошто јас немам таква благодат?‘ Тоа е така затоа што не си се предал себеси на Божествената волја, туку живееш на свој начин“.

sv.Siluan.A
Свети Силуан Атонски


Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев

 

13.09.2022