Uvoto.na.sv.Jovan.Zlatoust4

 Како да се однесуваме кон ближниот – Св. Јован Златоуст

Господ му дал такви услови на човекот за односот кон ближниот, кои не претставуваат ништо тешко за исполнување. Тој вели: “Како што сакате да постапуваат со вас луѓето, така и вие постапувајте со нив” (Мат.7: 12). Гледаш ли дека Тој не пропишал ништо туѓо, туку речиси истото што го барал претходно и природниот закон. Тој вели: како што сакаш со тебе да постапува твојот ближен – така и ти постапувај со него! Сакаш да те фалат – пофали и ти сам! Сакаш да не те ограбуваат – и ти не граби! Сакаш да имаш чест – почитувај ги и ти другите! Сакаш да добиеш милост – биди и сам ти милосрден! Сакаш да бидеш љубен – љуби и ти! Не сакаш да чуеш ништо лошо за себе – и самиот ти не говори ништо такво!

И забележете каква е точноста на изразите. Тој не рекол: што не сакате да ви прават вам, и вие не правите, туку што сакате. Два пата се кои не’ водат кон добродетелите – едниот е оддалечување од пороци, а другиот е осуштествување на добтодетелите: за тоа Тој го предложил вториот. Првиот пат Тој го открил, кога рекол: “Тоа што ти е тебе омразнато, не го прави на другиот“ (Тов.4: 15), а вториот јасно го посочил кога рекол: “Се’ што сакате да ви прават вам луѓето, истото правете им го и вие ним (Мат .7:12)


Има, сепак, и друг услов – кое е тоа поточно? Да го љубиш својот ближен како самиот себе си (Мат.22: 39). Што полесно има од ова? Да не мразиш – тоа е тешко и придружено со беспокојство; а да сакаш – тоа е лесно и удобно. Навистина, ако беше рекол Господ: луѓе, сакајте ги ѕверовите – таква наредба би била тешка, но кога им наредил на луѓето да сакаат исто така луѓе, како поради еднородност и потекло, така и по природна побуда, што тешко има во тоа?

Uvoto.na.sv.Jovan.Zlatoust1

Истото се забележува и меѓу лавовите и волците – сродствoто во нивната природа ги прави добро настроени еден кон друг. Затоа, можеме ли ние да имаме некакво оправдување ако не почнеме да ги привлекуваме кон себе со љубов оние што ни се еднородни, а се трудиме да ги скротуваме лавовите и да ги научиме да станат жители на нашите домови?

Извор: Маран Ата