bogorodica.sv.andrej.jpg




(Обновено)

 

...ве опишаа како човек-борец, зад кого бурниот живот ви бил исполнет со различни искуства. На кој начин вие се боревте со ветерниците?

  • - Немам никаквообјаснување, освен длабокото уверување дека Бог ме запази. Не постои ниту една разумна причина зошто сум жив. Статистички гледано, јас сум мртов човек. Ако тргнете по патеката на која јас долго одев, секој ден и секоја минута сте изложени на ризик. Не зборувам само за пороците и општеството, тукуни на погледот на светот, за начинот на кој ја поминувате улицата. Егото е најголемиот порок. Од таа страст се раѓаат сите останати пороци. Погледнете околу себе и ќе видите дека луѓето, всушност се борат за сопственото его. Или не се борат. Заради него (егото), луѓето си создаваат проблеми и на себе и на другите. Откако станав свесен за своето его, го држам под контрола, и се обидувам да го зауздам. Тука ми е семејството, нешто највредно што имам. Сопругата Наташа е мојата најголема поддршка, судбина и внатрешна сила. Тригодишниот син Теодор е мојата, нашата, небесната сила. А, Бог сите не чува и закрилува.


Сега живеете и работите во родната Бања Лука. Дали враќањето на корените на некој начин беше навлегување во тивко пристаниште?

  • - Да, таму сум со семејството, кое навистина ми дава неверојатна сила. Можеби звучи како флоскула, но јас не би го издржал овој живот да го немам тој вид на внатрешна мотивација. Се се промени, се комплетно. Тоа можеби почна малку порано,со моето враќање кон православието. Кога велам ВРАЌАЊЕ,мислам пред се на потеклото и корените. Верата е нешто премногу лично зада може за неа да се зборува јавно, но морам да кажам дека православието ми помогна да постанам доволно силен да го променам животот и да основам семејство. Да не беа лошите работи, маките и неволјите, можеби никогаш не би дошол при себе. Природно е да ср менуваме. Создавањето на нов човек е наша обврска и пат.


Во што би можело да се состои нашето спасение?

  • - Ќе ви кажам нешто од дланочината на душата и во што сум длабоко сигурен. Верата во Бога е единствено нешто што може да не спаси. Можеби тоа на луѓето ќе им се стори како атак и богомолечка пропаганда, но нуркав длабоко, и знам дека доле нема ништо. На тоа дно, смет од пороци, страсти и испревртена логика, каде ѓаволот и демоните си играат, на човекот таму не му е местото. Верувајте.

 

 

Интервју со режисерот, сценаристот ,актерот и музичарот Никола Пејаковиќ ("Лепа села, лепо горе") за магазинот Hello бр.346 15-21.09.2014 год.
превод од српски: о. Горан Стојчевски