„Не ние Го најдовме Бога – Бог прв нè најде.“

TVITer128

Често велиме: „Јас Го пронајдов Бога.“
Но, кога го читаш Евангелието, сфаќаш дека вистината е токму спротивна.
Бог прв го пронајде човекот.
Уште во Едемската градина, по првиот пад на човекот, не го гледаме Адам како трча кон Бога.
Го гледаме Бога како му излегува во пресрет на човекот и прашува:
„Адаме, каде си?“
Не затоа што не знаел каде е, туку затоа што сакал Адам да излезе од своето криење.
Од тој миг, па низ целата историја на спасението, Бог го прави истото:
Го повикува Авраам.
Го бара Мојсеј.
Ги испраќа пророците.
Доаѓа кај Дева Марија.
Го повикува Петар додека ги фрла мрежите.
Го запира Павле на патот за Дамаск.
Ја чека Самарјанката кај бунарот.
Го повикува Закхеј од дрвото.
По Воскресението им доаѓа на учениците што побегнале од страв.
Секогаш ист образец.
Бог доаѓа прв.
Колку е поинаква оваа слика за Бога од онаа што многумина од нас ја носат во себе.
Како да е некаде далеку и да чека доволно да Го заслужиме.
Да се поправиме доволно.
Да веруваме доволно.
Да чукаме доволно долго на Неговата врата.А Евангелието ни открива сосема поинаква вистина.
Бог отсекогаш бил Оној Кој прв чука на вратата на нашето срце.
Сосема поинаку ги разбрав Христовите зборови:
„Барајте и ќе најдете.“
Зарем не треба ние да Го бараме Бога?
Треба.
Тоа е нашата најважна потрага.
Но постои една прекрасна тајна што најдлабоко го допре моето срце – нашето барање не е почетокот на приказната.
Тоа е одговор.
Зашто љубовта секогаш е взаемна.
Бог доаѓа.
Човекот одговара.
Бог повикува.
Човекот избира.
Бог чука.
Човекот отвора.
Тој никогаш не влегува насила.
Љубовта никогаш не го прави тоа.
Најубавото прашање и сознание се содржани во оваа мисла:
„Што ако дури и мојата желба да Го барам Бога е веќе Негов допир?“
Токму таа копнеж може да биде првиот начин на кој Христос нè допира.
Не се наметнува.
Не присилува.
Не плаши.

TVITer128a


Само во нас буди спомен дека сме создадени за нешто повеќе.
За Некого.Свети Августин ја напишал реченицата што со векови одекнува во човечките срца:
„Немирно е нашето срце сè додека не најде мир во Тебе.“
Колку е тоа вистинито.
Зашто човекот не бара бескрајна љубов затоа што самиот ја измислил.
Ја бара затоа што е создаден за неа.
Не го бара Домот затоа што никогаш не го имал.
Го бара затоа што неговото срце се сеќава на него.
Токму ова за мене е најубавата вистина за нашиот однос со Христос.
Ние мислиме дека Го бараме.
А еден ден сфаќаме дека Тој целиот наш живот нè барал нас.
Бил во луѓето што ни ги испраќал.
Во зборовите што нè допреле.
Во миговите кога мислевме дека сме сосема сами.
Во молитвите што сè уште не сме знаеле ни да ги изговориме.
Во необјаснивиот мир што се појавил среде најголемата бура.
Тој бил таму многу пред да станеме свесни за Неговото присуство.
И затоа верата не е човеково искачување кон Бога.
Верата е постепено отворање на срцето за Бога, Кој цело време стоел пред неговата врата.
Бог никогаш не престанал да нè бара.
Зашто таква е Божјата љубов.
Таа не чека да станеме совршени.
Не чека да ја заслужиме Неговата близина.
Не се откажува кога ќе се изгубиме.
Таа нè бара.
Трпеливо и верно.
Сè додека еден ден и ние не одговориме со истата љубов.Токму тука го наоѓам најдлабокото значење на Христовите зборови:
„Еве, стојам пред вратата и чукам.“
Тој не чука затоа што не знае кои сме.
Чука затоа што љубовта секогаш чека да биде слободно примена.


Извор arhetipska_mapa_duse / Instagram
За Преминпортал – Симеон Стефковски

03.08.2026