Simen.Vodocha  

         “Јас разбирам дека лошото чувство што го доживуваме и нашето самољубие природно се привлекуваат и тогаш ни се случува себенабљудување – што многу ја влошува нашата душевна состојба; а себенабљудувањето е како вртлог од кој навидум не можеме да се извлечеме. Но, наше е само да се бориме – нашето внимание, преку молитвата и преку послушанието, да биде во Бог, додека, пак, самото надминување на таквата лоша душевна состојба е дар Божји.
           Додуша, и самата мачна душевна состојба е дар Божји, без оглед дали е последица на нашите гревови и допуштението Божјо или е Божја волја – во смисла на криење на благодатта, преку која духовно растеме, ама тоа е друга тема. Наше е само да сме Му благодарни на Бог.“ - дедо Наум

 

06.09.2025