TVIT134

ЧОВЕКОТ СЕ ДВИЖИ НИЗ СВОИТЕ РАНИ

           Многупати очајуваме и извикуваме кон Бога: „Боже мој, доживувам болка!“ а Бог ни вели: „Со тебе сум, овде сум!“, но болката не ни ја одзема, бидејќи преку оваа болка ние Го бараме Него. Една убава  мисла, доживеана од опит, ја слушнав од старецот Елисеј, игумен на манастирот „Симонопетра“ и содржи голема вистина дека најчесто среде конфорот и удобноста забораваме на Бога, нашето самољубие се прелева и ние гинеме во нашите фантазии. Затоа што забораваме дека сме направени од прашина и дека ни треба Бог да ни го даде Својот здив за да станеме небесни.
         Човекот се движи преку неговите рани. Мали и големи таги, загуби и отсуство на ближните, болките и раните се оние работи кои всушност нè поттикнуваат да ја разликуваме вистината од лагата, светлината од темнината, животот од смртта. Без болките и раните, никој не би сликал, никој не би пишувал поезија, не би играл на сцената, не би ја барал убавина и благодатта, и што е најважно, не би ја барал молитвата и би изостанала жедта за светост. Ако Ван Гог не би имал  тешка зима во срцето, немаше да наслика извонредни сонца. Неговата жед и агонија му ја стоплиле душата и го направиле голем уметник. Така е и со светиите. Никој не би го барал Христос без рани, никој не би го вкусил воскресението без Голгота.
         Затоа, секогаш во животот ни е потребно искушение, испитание, колку и да не повредува, за да не излечи, да нè исправи, да не потресе, да ни го исчисти умот и срцето од сиот отпад што секојдневно го собираме. . За жал,сами, никогаш не би се оперирале себеси. Ножот би го допреле таму каде што не не боли, но така раните не можат да се исцелат.


TVIT135
***
           Се измачував со години. Не можев да прифатам дека сум душевно кревка личност и дека душевната болка е крстот на мојот живот. Верувајте  ми, нема смисла да одите против тоа што сте, напротив, така расте болката. Потребно е прифаќање, прегратка за нашето повредено ранливо јас, учење да живееме со него во неговите добри и лоши моменти, кога се чувствуваме силни и кога се распаѓаме. Истовремено, да не заборавиме дека се важни крстовите што сме ги понеле,постојано вложувајќи усилби, иако  не  секогаш успешни.
            Многумина велат дека е дозволено да се падне, но императив да се стане. Вистина е, но велам дека  во одредени моменти немате храброст ниту да го направите тоа, односно да станете. Да, тоа ќе се случи во нашиот живот. Да не се плашиме, да не се збуниме, пред се да не се разочаруваме од нашата немоќ да станеме. Да бидеме свесни за нашиот пад.Смирено да се исповедаме пред Бога дека сме немоќни. Да го доживееме Христовото смирение и тогаш ќе видиме дека ќе се исправиме на нозе без да го сфатиме тоа.
            Затоа што кога ќе се испразниме од себичноста, тогаш Бог не исполнува со благодат. Кога велиш: „Не можам!“, Бог вели: „Тука сум“. Се додека тоа го кажувате со скрушено срце, искреност, понизност и љубов. Забораваме дека за Бога не е проблем гревот, туку (не)покајанието. Но, не го слушајте ова со чувство на вина. Ајде да го разбереме во длабочината. Покајанието значи да ги признаеме нашите егзистенцијални граници и да речаме:
            „Боже мој, јас дотука можам, сега ти земи ме. Човек сум, паѓам, се тркалам и умирам. Ти како Бог  подигни ме. Те сакам, Христе мој, но не секогаш се справувам, не затоа што не сакам, туку затоа што немам сила. Ти, Христе, ги знаеш моите рани, многуте рани на моето битие. Дури и пред да паднам и да згрешам, знаеш сè за мојот пад. Затоа, Човекољупче, не ме осудувај како луѓето. Стани бескрајна милост и со Твојата неизмерна љубов задуши ги моите страсти“.

TVIT133
          Да не заборавиме дека Бог го претпочита смирениот грешник пред гордиот „светител“. Како што велеше отец Тихон од Капсала, пеколот е полн со горделиви светители...



Автор: о. Харалампос Пападопулос / bogonosci.bg
Подготвил Симеон Стефковски

5ти февруари 2023 лето Господово