Присуството е подарок

Највредниот подарок што можеш да му го дадеш на еден човек е твоето време.
Затоа што времето е највредното нешто што го имаме. Не може да се купи, не може да се складира и не се враќа. Секој момент што поминува е единствен и неповторлив.Затоа, кога ќе избереш да му го посветиш своето време на некого, му даваш нешто што навистина е твое. Му ја даваш својата присутност, вниманието, можноста да споделиш со него еден миг, разговор, прошетка, прегратка, па дури и едноставна тишина.
Можеби далечината не ти дозволува секогаш да бидеш покрај некој човек, но тоа не значи дека не можеш да бидеш присутен во неговиот живот. Времето не се мери само со физичката присутност. Тоа е порака што ја испраќаш за да прашаш: „Како си?“, телефонски разговор, момент кога ги оставаш настрана работите што ги правиш за навистина да го сослушаш другиот, желбата да комуницираш, да споделиш... да живеете нешто заедно, иако ве делат километри.
Затоа што, колку и да е голема далечината, кога навистина сакаш да бидеш таму, ќе најдеш начин да одвоиш време. А токму тоа е најважно — другиот да чувствува дека, дури и ако не може да те прегрне или да го сретне твојот поглед одблизу, постои човек кој повторно и повторно го избира.
Дека некој мисли на него, се грижи за него, го бара, вистински го сака.
Не заборавај дека времето е живот. И кога ќе избереш да го споделиш со некого, му подаруваш еден драгоцен дел од сопствениот живот.
Архим. Павел Пападопулос
Подготви С.Стефковски
15.08.2026