За чудата на Богородичниот појас

BOGORODICAPojasot


         Во годините на турско владеење, манастирското братство од манастирот Вагопед од Света Гора, тргнало на патувања до Крит, Македонија, Тракија, Цариград и Мала Азија за да го освети и поддржи народот и да го спаси од епидемиите што беснееле. Носејќи го Светиот појас со себе, се случиле многу чуда и исцелувања.
           Од мноштвото се издвојуваат следниве:
        Браќата од манастирот Ватопед беа гости во куќата на еден свештеник во Аино. Сопругата на свештеникот тајно зеде дел од појасот во таа пригода.
           Кога отците се качија на бродот, иако морето беше мирно, не можеа да отпловат.
Чудејќи се на ова, попадијата почувствувала дека тоа е поради нејзиниот грев и им го вратила делот од Светиот појас на отците. Откако го стори тоа, бродот можел да отплови.
           По овој настан, беше направена уште една кутија во која се чува делот што попадијата сакаше да го земе за себе.
Сепак, она што се случило во Аино со жената на свештеникот било повторено и од жената на конзулот. Таа тајно отсекла дел од Светиот појас од својот сопруг, што предизвикало ненадејна смрт на конзулот, а нејзината мајка и сестра тешко да се разболат. Затоа, во 1839 година, таа побарала од манастирот да испрати претставник и да го преземе делот од Светиот појас што останал кај неа.
Во 1864 година, Светиот појас бил префрлен во Цариград поради колерата што го пустошела населението. Кога бродот се приближил до пристаништето, колерата престанала и оние што веќе биле болни биле излекувани. Ова чудо ја разбудило љубопитноста на султанот, па тој сакал самиот да го бакне Светиот појас.
       Во периодот кога Светиот појас бил во Цариград, еден грчки жител на Галата побарал да биде префрлен во неговата куќа бидејќи неговиот син бил тешко болен. Кога појасот пристигнал во неговата куќа, болниот веќе починал. Свештениците не се предале на очајот. Тие побарале да го видат починатиот, и кога му го ставиле светиот појас, тој оживеал.
Во 1894 година, Светиот Појас бил повикан во градот Мадито во Мала Азија поради инвазија на скакулци кои ги уништиле шумите и ливадите.
      Кога бродот што го носел Светиот Појас пристигнал во пристаништето, небото било покриено со облак од скакулци кои почнале да паѓаат во морето, па бродот едвај бил закотвен. Населението, гледајќи го ова чудо, воодушевено пеело „Господи, помилуј“.
До ден денес, Светиот Појас прави чуда, особено со неплодните жени. Им се дава дел од осветената лента на Светиот Појас и, со помош на верата и молитвата, тие добиваат благодат од Господ и дете.

 

fb.Pravoslavie.Mk