Почитувани денес, 16 Ноември, (03 Ноември ст.ст.), се празнува “ПРЕНОСОТ НА МОШТИТЕ НА СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ, ОД НИКОМИДИЈА ВО ЛИДА ПАЛЕСТИНСКА“.


            Св. Георгиј пострада во Никомидија, во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 06 Мај (23 април, ст. Ст.). Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
Молитва кон свети Георгиј:
     Неговата добрина, и да не ги остава сите наши молби кои ни се неопходни за животот, и да ја укрепи со благодатта која ти е дадена нашата армија во војните, да ги скрши непријателските сили кои се креваат против нас, да се посрамат и засрамат, и да се згази нивната дрскост, и да разберат дека ние имаме Божествена помош; и покажи им ја на дело твојата моќна заштита на сите кои се во тага и напади. Умоли Го Господа Бога, Создателот на сите твари, да нѐ избави од вечните маки, та секогаш да Го прославуваме Отецот и Синот и Светиот Дух, и да го објавуваме твоето закрилништво, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.


Тропар: Како ослободител на заробените, и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошнику на царевите, победоносецу и великомаченик Георгиј, моли Го Христа Бога, да бидат спасени нашите души.

 

фбХрам Света Лидија Македонска