TviTER928 Неопходно е покајание и исправање на животот. И уште: “трeба да се молиме Бoгородица за милост кон нас, грешните”. Исто така Ана Ивановна го видела Ленин во адот, тој многу молел, да му се погребе неговотo тело. Тој неколку пати повторил:” Се додека не го предадат на земјата моето телo, ќе има кај вас безвластие и безаконие”.

 TviTER928

Од весникот НОВ ПЕТЕРБУРГ, №49(813), 21.12.2006 г.
Нина Орлова, г. Кемерово

          Во нашиот град живее 92- годишната Ана Ивановна Абабкова. Таа е вдовица на загинат војник. Господ и’ дал на Ана Ивановна дар на пророштво. Во 60-тите години, таа претскажала, дека ќе биде изградена нашата Знаменска Соборна Црква. Секако, неа и’ се смeеја, затоа што тогаш се чинело невозможно да се сочува од страшната офанзива на безбожната власт дури најмала црква. Неа Господ многу и’ откривал. За три дена до Големата Отечествена таа ја претскажала датата на завршувањето на војната. Незјзините зборови: “За три дена војната ќе заврши, Божјата Мајка, кажа” – тогаш биле примени со потсмев: “О , Ана – пророчицата!...” Но, претскажувањето се остварило – и нејзината слава како пророчица оттогаш започнала. Го претскажа таа и земјотресот во Ерменија и исто така никој не верувал, додека не се оствариле нејзините зборови.
             Во последно време таа се повеќе говори за она што ќе се случи на крајот од времето. Една година порано, таа ни велеше (нам, кои ја посетувавме) да им кажуваме на луѓето за тоа, дека наскоро не’ очекуваат епидемии на чума, колера и грип. Тоа и’ го открила Самата Мајка Божја. Пoради нешто Царицата Небесна го нарекла грипот “дванаесети”. На Ана Иванова и’ било кажано: “Доаѓа двнаесетиот грип”. Тоа е страшна болест и нема да има никакво спасение. За чума и колера имате средства, а за тој грип не. Никој нека не обвинува никого за тоа. Освен себе. Тоа е гневот на Мoјот Син за вашите гревови и за тоа што не го исправате својот живот. Неколку пати со тага повторила: “нема исправање на животот.”
        На Ана Ивановна и’ биле покажани колеми канали, во кои ги фрлаат труповите на луѓето и ги засипуваат со средства за дезинфекција. Царицата Небесна рекла: “За џабе сето тоа ќе го прават, ништо нема да помогне, тоа е гнев на Мојот Син”. Неопходно е покајание и исправање на животот. И уште: “трeба да се молиме Бoгородица за милост кон нас, грешните”. Исто така Ана Ивановна го видела Ленин во адот, тој многу молел, да му се погребе неговотo тело. Тој неколку пати повторил:” Се додека не го предадат на земјата моето телo, ќе има кај вас безвластие и безаконие”.

Јавувањата на Господ, Богородица и на светите на пророчицата Ана Кемервскаја, кои и’ биле неа покажани

     Ана Кемеровскаја (Ана Ивановна Абабкова) се родила во 1912 година во градот Благовештенск. Кога таа имала 25 години, заедно со неколку жени и деца собирале бобинки и печурки во шумичките на тајгата и се загубиле. Скитале долго време и не можеле да најдат пат, а веќе било доцна. Сите заедно се помолиле на Бог, Мајкaта Божја и Светиот Николај Чудотворец. После тоа гледаат: недалеку по крајот на шумата коњче, впрегнато во кола, на колата седи деденце. Приоѓајќи кај нив, дедото ја предожил својата помош. Тоа бил светиот Николај Чудотворец. Ана се израдувала, но во себе се посоменвала, како тој ќе ги пренесе преку паднати гнили гранки и бурјани. Дедото и’ се обратил на Ана по име (иако не ја знаел од порано): “Ти не се сомневај, Ана, јас сите вас ќе ве пренесам од овде”. Откако ги седнал сите загубени во колата, тој без никакво тресење ги однел на патот, кој води кон Благовештенск. Кога последниот човек слегол од колата, светителот и коњчето изчезнале. Тоа било првото јавување на Небесните Сили на Ана за сиот нејзин долг живот ( 92 година). А светиот Николај Чудотворец и се јавувал на Ана на јаве и на сон во виденија 12 пати. За сите виденија таа не говорела.
        Еве неколку од нив.
На властите на градот Кемерово, во педесетите години, старата селска Знаменска црква им била како коска во грло. Им сметала и црквата изгорела. Во видение на сон и’ се јавува на Ана свети Николај Чудотворец и и’ кажува дека црквата ја запалиле властите – тоа е причината. После потпалувањето на црквата обласните власти направиле голема зграда за Обласниот комитет и со парите што останале направиле пијанка до самата полноќ. Во тоа време во видение на сон и’ се јавил на Ана светиoт Николај Чудотворец и и’ вели: “Го избркаа Бог, нема ниту сатаната тука да биде, т.е ја запалија црквата, нема ни зградата на комитетот тука да биде”. Ноќта се запалила зградата на комитетот и сета изгорела. На секој спрат имало стражар и на распрашувањето од страна на иследници од КГБ секој од нив го зборувал истото. Дека одел дедо со свеќа и потпалувал, а тие не можеле да му се приближат, нeкаква сила ги задржувала.
            После потпалувањето на старата Знаменска црква, во почетокот на 60-тите години на другиот брег на реката Том, далеку од центарот, бил изграден Николски храм во чест на Николај чудотворец. Во тој, единствениот во градот, Божји дом до 90-тите години служела на Бог на различни послушанија повеќе од 40 години Ана. Таа живеела на спротивиниот брег од храмот, речиси сосема наспроти него и зиме до самото заледување на реката одела во храмот по ледот на реката Том.
Еднаш на пролет, враќајќи се со внукот од храмот, забележала дека замрзнувањето на ледот започнало и решила брзо да помине по него на другиот брег. Откако поминале некое растојание, виделе дека ледените структури влегуваат една врз друга. Ана со внукот со страв се помолиле на светиот Николај Чудотворец. Тој се појавил, го зел внукот за рака, го повел на брегот, повикувајќи ја Ана да ги следи. Ана со восхит гледала, како пред нивните очи се формирал тврд лед. Поминувајќи на брегот, Ана со солзи на благодарност паднала кон нозете на светителот, после што тој исчезнал.
          Имало и ваков случај. Работејќи до војната како кондуктер на комбе (тогаш немало автобуси), седејќи некогаш на крајот на клупата, комбето силно се затресло поради дупките на патот и Ана паднала со главата на земја. Откако ги отворила очите, на неколку метри го видела комбето, а покрај себе светло момче, кое што кажало дека е нејзиниот ангел-хранител и ја оддалечил од комбето, затоа што со задните тркала комбето за малку би ја прегазило.
              Внукот на Ана загинал во војска: нив сите од една чета ги заклале терористите, запленувајќи го авионот, на кого што војниците со него некаде оделе. Внукот и’ се јавил на Ана и ја успокоил, дека е слободен, дека нему сега му е лесно и исчезнал. Во видение на сон и’ се јавил на Ана светиот Георгиј Победоносец и и’ раскажал за причината на смртта на внукот, за неговото вбројување во сите загинати војници кај него во Небесната војска по заповетта на Владиката Христос, и за тоа дека воената команда ќе ја сокрие вистинскта причина за смртта.
И навистина, во телеграмата за смртта на внукот напишале друга причина.
Еднаш откако се разбудила ноќе, Ана почувствувала, како покривката некој ја влече кон нозете. Таа ја подигнала накај главата, но повторно била повлечена. Ана погледнала и ги видела покрај нејзините нозе како на колена стојат светите Гуриј, Симон и Авив, кои ја замолиле да ги обнови прекинатите молитви кон нив. Ана со солзи се извинувала пред нив, барајќи прошка, а оттогаш постојано им се молела.
      На Ана во видение на сон два пати и’ бил покажан тартарот со неговиот ужасен студ, каде што се наоѓа душата на Ленин. Првиот пат Ангелот Божји, кој ја прател Ана, и' кажал, дека Владиката Христос и’ дозволува да разговара со него (меѓу духовите разговорот е со мисли). Ленин молел да каже на властите, да го земат негвото тело од мавзолејот и да го погребат во земја, бидејќи сите несреќи во Русија, се поради него. Исто така, тој ја молел Ана да се моли за него. Во тартарот Ленин бил врзан со ланци за рацете и нозете, слаб и сиот се тресел од неподнослив студ.
Во второто видение на сон Ленин се наоѓал во таква состојба, така што гледал на Ана со благодарност за нејзината молитва. Тие молчејќи разговарале, со тоа што на почеткот на видението ангелот Божји предупредил, дека Владиката не дозволил разговор со мислите. Ана говорела дека и’ е жал за Ленин и таа се молела за него по тие виденија. Во сонот бесот го изгребал сето тело на Ана. Откако се разбудила со силни болки и подуено тело, таа едвај се подигнала од постелата. Ја однеле во болница, каде што таа лежела долго време, но лековите и другите медицински средства не помагале. Затоа го викнале во Кемерово познатиот професор за кожни заболувања, доктор на науки од Иркутск.
       Па така, тој ја лечел подолго време тоа не дало резултат. После тоа во видение на сон на Ана и’ се јавила Царицата Небесна, Пресветата Дева Марија придружена до двајцата апостоли Петар и Јован, со прачка со остар врв ја прободнала кожата на Ана под десното око на три места (јасна костенлива лузна на местото на едниот засек се гледала се до самата смрт). Ана се разбудила потполно здрава, станала од креветот и почнала да оди по болничката соба, на што сите силно се воодушевиле.
Му соопштиле на професорот, а тој дошол и со солзи и’ се фрлил пред нозе. Ридајќи говорел, дека тоа е чудо и од тој момент тој станал верен човек. Пред да замине дома, тој ја замолил Ана да му ја даде нему историјата на болеста заради поучување на студентите, дека, може да се случи, кога никакви медицински земни средства не помагаат онака, како Небесните.
За три дена до завршувањето на војната во видение на сон на Ана и’ се јавила Небесната Царица и и’ заповедала да каже на народот, дека за три дена ќе заврши војнaта, да се ободрат луѓето, намачени од војната. Ана работела во коксохемската фабрика и таму зборувала на работниците за тоа што го рекла Богородица. Повеќето од луѓето не ја прифатиле небесната вест и почнале да и’ се смејат на Ана, бидејќи на радиото се говорело, дека се водат големи борби за Берлин. Така што, за никакви три дена не можело да стане збор – мноштвото така си мислело. Кога поминале три дена, дошла веста за завршетокот на војната и луѓето кои се смееле, почнале со солзи радосници да бараат прошка на Ана, разбрале и почнале да ја подигаат нагоре, викајќи;” Ана е пророчица!”
Во видение на сон и’ се јавила на Ана, Богоридица Марија и и’ го покажала главниот храм на градот Кемерово, каков е тој и каде ќе биде направен. Рекла на Ана да го нацрта и да го покаже на настојателот на Николскиот храм, отецот Алексеј. Во тоа време во земјата се случувале хрушчевите гонења на црквата. Ана го нацртала храмот и го покажала на отецот Алексеј. Тој погледнал и и’ рекол на Ана за тоа никому да не говори, оти ако властите дознаат, ќе го затворат единствениот храм во Кемерово. Тој пак храм, кој и’ бил покажан на Ана од Владичицата, за триесет и некоја година бил направен во Кемерово во 1996 година. Тоа е Знаменскиот Соборен Храм, катедрата на архиепископот, главниот храм на кемеровската и новокузнецката епархија.
Ана служела на Бог во Николскиот храм подолго време, како што беше кажано порано – повеќе од 40 години на разни послушанија: работела како касиерка, книговодител, продавала икони, миела подови, служела покрај свеќите и друго. Непријателот на човечкиот род – ѓаволот против неа ги поттикнувал и ги настројувал црковните работнички. Владичицата и’ се јавувала на Ана во храмот на јаве во монашка облека и и’ помагала да ги разруши сатанските дела. Кога Ана работела како касиерка, се случило да недостигаат пари – 800 рубљи. Богородица и кажала кој ги украл парите.
Една жена, работничка во црквата, пријателка на Ана, отишла да живее кај својата ќерка во Москва и и ветила дека ќе и прати за молитвено сеќавање икона на Божјата Мајка, што и го направила. Но иконата паднала во раце на непријатeли на црквата, и тие долго време не и’ кажувала на Ана за иконата, иако таа ги прашувала, дали можеби не и’ припаѓа неа новата икона. Владичицата и’ кажала, дека на опачината на иконата има посвета од нејзината пријателка и и’ рекла да ја земе иконата.
Еднаш Владичицата и’ се јавила на Ана, ја повела од храмот во дворот и и’ ги покажала световните луѓе и црковните работници, кои седеле на клупите покрај оградата, дека тие со празни разговори го осквернуваат тоа место, каде што треба да се говори за Божјото, а не за световното. Царицата Небесна и’ кажала на Ана, дека во денешно време на православниот христијанин од Нејзиниот Син – Господ Исус Христос му се дадени два Ангели Божји: Ангел чувар и Ангел утешител.
На прашањето на Ана: “Зошто два Ангели?”, Владичицата одговорила, дека денес има силни напади на православниот христијанин од злите сатански духови – бесови, а како што одиме понатаму – ќе има уште поголеми. Затоа, лежејќи на креветот пред сон, треба да се прочитаат две-три куси молитви со оградување на себеси со крстен знак, потоа да се завртиме на левата страна, за да може Ангелот чувар, кој се наоѓа кај десното раме, да го притиска цела ноќ бесот, кој е наоѓа на левото раме. Потоа може да се спие како сакате, но Ангелот ќе биде одозгора, а бесот долу. Царицата Небесна и’ кажала на Ана, дека по нејзините молитиви многу упокоени роднини и други се измолени и воведени во рајот.
Во последно време Ана често размислувала за својот погреб и ги молела своите духовни чеда да ја погребат, да помогнат нејзините роднини. Во видение на сон Влдичицата и кажала:” Не се вознемирувај, ќе те погребат, нема да лежи телото, туку ќе го заријат во земја. “
Пророчките виденија на иднината, кои на Ана и ги покажувала Царицата Небесна и тоа што и’ го говорела, Таа наредувала да се кажуваат на сите луѓе. Таа говорела:” Овој род не се обраќа кон Бог и не се исправува ( да не греши) и ќе го раздразнува Синот Мој – Господ Исус Христос, кој долго трпи но, и кај Него ќе настапи крај на долготрпението, и ќе следат страшни казни на човечкиот род поради неговите големи гревови во вид на земјотреси, епидемии на различни болести: колера, чума, 12 –ти грип и други. “
Зошто 12 –ти грип, Владичицата не кажала, за тоа во видението. Во видението била покажана панорама на широко поле, изреиено со длабоки и долги ровови од булдожер. Од една страна, во веќе готовите ровови, будожерите, стоејќи еден покрај друг, исфрлаат купишта човечки трупови, после со што преносни пумпи од комбиња, со дезинфицирачки пени ги полеваат труповите поради спречување на ширењето на инфекцијата.
Притоа Владичицата забележала и наредила на Ана од порано да каже на властите, да не прават дезинфекција на труповите, кога тоа ќе се случи, затoа што 12-от грип не е заразен и не се распространува на живи од мртви, а причина на 12-от грип е во тоа, што човекот не се кае пред Семоќниот Бог во своите злодејства и не го исправува својот живот кон подобро. Исто така Царицата Небесна забележала, дека за сиромашната Русија да се прави дезинфекција на труповите, кои ќе бројат милиони, е премногу големa загуба на човечки, материјални и парични средства. Видението продолжува, други булдожери, кои стојат на другата страна на рововите, исто така споени еден со друг, ги затрупуваат со земја фрлените и обработени со пена трупови. Од другата страна пак на широкото поле се копаат ровови со булдожерите, а кај откриените ровови со камиони се довезуваат и исфрлаат мноштво трупови, кои образуваат големи куишта кај рововите.
Во друго видение се покажува источно – сибирската тундра во сета нејзина широчина, која гори од неподнослива горештина, која се продолжува во подолго време. Од тундрата огнот се пренел на бескрајните простори на источно – сибирската тајга, на пространство од илјадници километри. На голема височина се подигнал димот, а по втемелениот дијаграм на ветровите, тој бил понесен на Далечниот Исток, на тој начин тој бил одвоен од Западно – Сибирскиот регион и од цела Русија. Ана се сетила на својот роден град Благовештенск и горко заплакала, затоа што и тој западнал во зоната на уништување со оган и дим.
На Ана и’ било покажано, како од градовите на Дaлeчниот Исток полетуваат големи авиони со луѓе во надеж да ја прелетаат огнената стихија и да се спасат. Но, пролетувајќи некое растојание над разгорената тајга, од димот и согорениот кислород моторите застануваат, авионите паѓаат, луѓето се гушат и се разбиваат. Ана ја прашала Небесната Царица, кога сето тоа ќе се случи, а Владичицата одговорила: “Кога безумието на човечкиот од ќе го надмине долготрпението на Синот Мој”.
Овие виденија и биле покажани на Ана од Владичицата во последните години на нејзиниот долг и многу тежок живот. После секое видение и општење со Ана, Царицата Небесна и’ напомнувала, да говори на сите, што и’ кажува и и’ покажува неа Владичицата. Еднаш Ана не се воздржала и и рекла на Царицата Небесна: “Како јас слепа, глува, која не излегува од станот неколку години, можам да сите да им говорам?” На тоа Владичицта одгворила, дека Таа ќе и ги носи луѓето, кои на сите ќе говорат ( на властите и простиот народ) она што таа го слушнала.
Царицата Небесна и’ кажала на Ана, дека градот, во кој таа живее – Кемерово, а исто така и Москва ќе потонат надолу, под вода. На прашањето колку пати и’ се има јавено Владичицата. Таа одговарала, дека Царицата Небесна и’ се јавувала често, особено последните години.
До војнaта на Ана и’ се родиле четри деца. На денот на нејзиниот роденден, на Рождество Христово, 7 јануари 1942 година Ана од војската примила известување за смртта на својот маж. Таа цела војна работела на коксара, оптовареноста со работа била максимална, се’ било на кревките рамена на жената. Некаде на почетокот на војната ја повикал началникот на фабриката и и’ рекол , дека таа треба да работи уште две дополнителни работи.
Таа и онака била заморена и се откажала, не одела на работа цела недела ( во воено време да не се оди на рабоа цела недела?). По изминувањето на неделата во видение на сон ја повикува неа Началникот на фабриката. Таа доаѓа во фабриката, го отвара кабинетот на началникот и силна светлина и’ ги заслепува очите, а кога го усмерила својот поглед на бирото и на Оној кој седел на него, било невозможно да се погледне на Него. Откако погледнала, Ана прашала: “Вие сте новиот началник на фабрикaта?”. Тој одговорил: “Јас сум Началник на сите началници на земјата” и и’ заповедал да ги прифати двете дополнителни работи, од кои едната била да им помага на готвачите во трпезариајта. Понатаму Светлоносниот Началник и’ рекол, дека војната ќе трае уште долго и дека без таа работа нема да може да ги исхрани воите четрири деца. Тоа било првото јавување на Господ Исус Христос на Ана.
Сите виденија, во кои Спасителот Господ Исус Христос се јавувал на Ана за сиот нејзин долг живот, биле осум. До војната Ана не знаела ни за Господ Исус Христос, ниту за Царицата Небесна. Кои се тие? Каде живеат? Си мислела, дека Тие живеат, како и луѓето, во Америка. По многу години, работејќи во храмот, стоела Ана на колена пред иконата на Спасителот и читала молитва. Господ излегол од иконата и ја прашал: “Ме позна ли Мене, како таму во фабрикaта, не живеам Јас во Америка, како што ти си мислеше, туку на Небесата”. Ана од неочекуваност не успеала ни збор да каже, а видението исчезнало.
Господ два пати и помогнал на Ана да ги уништи ѓаволските дела, кога таа работела како книговодител во храмот. Во последните години на нејзиниот живот, Господ неколку пати во виденија на сон и’ се јавувал и и’ ја покажувал иднината, Во видение и’ е покажан долг, широк и длабок ров (како канал), а по сета негова должина монасите со лопати ја собираат ладната црвeна маса, која се движи како медуза, ја ставаат на бочните страни на каналот и ја приудираат со лопати.
Ана се сетилa на црвените глинени почви во родниот град Благовештенск. Тие маси во каналот се слични, но нејасно е зошто се движат – што е тоа? Застанала во збунетост, потоа се завртела назад и гледа – стои Спасителот. Господ ја прашал: “На што се чудиш?” “Господи, што е тоа?” – покажувајќи на црвената маса, прашала Ана. “Тоа е крвта на мачениците, која наскоро ќе се пролее за Моето Име, нема да успеетe да изградите ни храмови” - и’ одговорил Спасителот и видението завршило.
Во друго видение Ана стои на оширно поле. Каде и да се завртиш, насекаде се гледа хоризонт. Откако ги спуштила очите надолу, таа видела, дека до колена стои во вода со црвена боја. Ана зачудена се завртела назад и гледа: стои Спасителот и ја прашува: “Што си се зачудила толку?” “Што е тоа Господи?” - покажувајќи надолу, прашува Ана. “Тоа е крвта на човечкиот род, која ќе се пролее наскоро во војни поради нивното безумство” - одговорил Господ и видението исчезнало. Во следното видение Ана стои на трева покрај некој поток, го гледа и се чуди, зошто тој е црвен, а завртувајќи се наназад, го гледа Спасителот и го прашува Него:
“Господи, зошто е потокот црвен”: Господ одговорил: “Тоа крвта што тече, на Моите верни”. Ана рекла: “Господи, што дa направам, за мојата крв да биде овде?” Господ рекол:” И твојата крв е тука и на оние кои се покрај тебе”, а потоа говори: “Тргни по мене”. Ана тргнала по Исус Христос. Почнале да поминуваат по мостот над огнената река во која се движеле различни чудовишта со отворени челусти, кои сакале да ја фатат и да ја проголтаат. Мостот имал ретка подлога од даски, која зјаела од дупки. Ана требало да скока од една даска на друга со страв, да не падне во реката. Спасителот се оддалечувал од неа се повеќе и повеќе, а таа исплашено извикала: Помогни Господи! Господ одговорил:” Моли се.” Ана почнала да се моли со Исусова молитва и се нашла покрај Спасителот. Тој ја зел за рака и како да ја понел. На тоа се завршило видението.
Во последното видение на сон, кое било миговно и за неколку месеци до смртта, Господ и’ рекол на Ана: “За тебе ќе дознае сиот свет”. Така јас Александар Кемеровски, нејзиниот духовен син, продолжувајќи да пишувам за својата духoвна мајка Ана Кемеровска, многу сум радосен, што мене Господ и Божјата Мајка ме удостоиja да се сретнам со неа и да разговарам за духовното со тој брилијант и духовно богатство, со часови. Волјата Божја била таква, јас да се запознаам со неа, за половина година до нејзината смрт и за тоа кратко време јас придобив повеќе, отколку за сиот мој педесетгодишен живот.
Таа беше малечка, ситничка, слепа, глува, сета болна бабичка - а каков силен дух беше во неа
Таа беше голема молитвеничка, поголемиот дел од деноноќието таа го поминуваше во молитва. Со бројаница во рацете таа ме сретнуваше мене. Таа беше Ангел чувар на градот Кемерово од злите дуси, за што мене ми беше дадено да знам. Се молеше таа за сите и за сите коj да ја замоли, на Господ, Царицата Небсна и на светителите.
Како таа сило ги љубеше!
Често ние заедно со неа, се спуштавме на колена и се молевме. Таа речиси секогаш се молеше со солзи. Многупати и’ говорев, дека сум голем грешник. Еднаш таа не се воздржа и кажа: “Ма каков грешник си ти?” Еве јас сум голема грешница, која има сторено абортус – голем грев од мојата младост. И тука горко заплака, падна долу (и јас со неа) и почна да го моли Господ и Неговата Мајка за нејзиното помилување.
Ана со духот била во адот и таму видела купушта куки, а на нејзиното прашање: Што е тоа? – Ангелот Божји кој ја прател и’ одговорил, дека за невимателно ставаниот на себе крстен знак, кој требало да биде голем и на цели гради и рамена, а не мал, Владиката ќе казни.
     Ана заминала кај Господ на 26 октомври 2003 година, во недела, на денот на Иверската икона на Божјата Мајка. Во својот ден Царицата Небесна ја зела својата избраничка, угодничката Божја. Една духовна сестра, која присуствувала на нејзиниот крај, ми кажуваше, дека Ана умрела до радост и насмевка на усните, смело заминала од телото нејзината душа. Светите оци на Православната Црква пишуваат, дека ако во моментот на смртта на устата има радост и насмевка, нема страв, туку храброст, тоа значи дека по душата дошол ангелот Божји или нивен хор (зависи од степенот на духовноста) и во (негова) нивна придружба душата се вознесува кај Бог на Небесата.
          Сведочам, дека во гробот Ана лежеше како жива, немаше никакви признаци на смрт со исклучок на миризбата на утробата во моментот на преврзување на платното на главата и подбрадокот, поцврсто. Беше тоа истото лице, тие исти раце, а исто така се гледаше јасно кафената лузничка под десното затворено око (како што пишував порано) која е стара педесет години од трите засеци со прачката со остар врв од Царицата Небесна, кога таа ја исцелила.
            По волјата на Господ Исус Христос, а повелението на Мајката Божја Марија, Царицата Небесна, преку Ана Кемеровска од крајот на февруари до средината на септември 2003 – та година, од мене беше извршено апостолско служење на Бог ( преку Ана), со делење и лепење Листови на Вистината во 15 гратчиња, од кои 6 од нив во главните центри на Западен Сибир, Кемерово,Барнаул, Новосибирск, Краснојарск, Томск и Омск; на тој начин Бог и Неговата Мајка го поттикнуваа кон покајание и исправување на животот, кон безрешниот Нејзин Лик, населението на Регионот. Кога ги лепев Листовите на Вистината кај мене во Кемерово, Ана ме замоли мене да не зборувам на луѓето за неа, кои ќе прашуваат, плашејќи се себе.
После моето заминување од кај неа, Владичицата со глас ја искарала Ана затоа што се исплашила за својот живот и и’ наредила да ми каже, јас да зборувам за неа, за нејзината адреса, телефон ( таа добро го слушала ѕвонењето), за оние кои ќе прашаат – за да можат да дојдат кај неа дома. Царицата Небесна и кажала на Ана:” Мојот Син праќа дожд во Кемерово, а Јас со своите раце го собирам него над градителите на храмот на Света Троица, за кој ти се молиш на Мене”. Јас пак, како градител на тој храм и очевидец на сето тоа, не еднаш се случи така – наоколу дожд, а над нас ниту една капка.
Во средината на септември преку Бог и Неговата Мајка, беше предупредена Москва со залепените Листови на Вистината. Пред да отпатувам за Москва неа и мене ми дојде мисла, да не го одлагам патувањето ( порано не знаев за итноста на патувањето, сакав во октомври, а сега знам – во врска со нејзината блиска смрт). Тоа беше мојот претпоследен разговор со неа, кога таа кажа, дека неа ќе ја знае сиот свет, така рекол Господ (за што пишував порано). Јас си мислев ,дека преку Москва за неа ќе дознае сиот свет, преку странците, на кои има давав Листови на Вистината, но малку од нив ги земаа – само неколку луѓе, бидејќи странците се предупредени, ништо да не земаат од русите.
По враќањето од Москва, последен пат јас видов Ана и по три недели таа замина кај Бог. Мене ми се сруши сета надеж дека неа ќе ја знае сиот свет, според зборовите на Господа, но кај Бог ниту еден збор на пропаѓа и со тоа имам утеха, дека неа ќе ја знае сиот свет по нејзината смрт. Ќе дојде време, кога Ана Кемеровска ќе ја канонизираат и ќе ја вбројат во соборот на светите, нејзините мошти ќе лежат во ковчег, во нејзиниот храм – Знаменскиот ( во чест на тоа дека и’ се јавила неа Пресвета Богородица) Соборен Храм.
Тука ќе доаѓаат странци – православни христијани, и за неа ќе дознае сиот свет. Во сегашно време е пожелно, за неа да дознаат Сибир и Русија. Затоа, ги молам читателите да помогнат да се умножат и испечатат во печатница книшки по дадениот опис на животот наАна. Да не’ благослови Господ и Богородица на ова благо дело!

Александар Кемеровски

Линк: http://www.logoslovo.ru/forum/all/topic_19879/

Maja.Beleva.pp
Преведе од руски: Маја Белева